Ем мила, ем царица – ем не попарија со млеко, ем дуваме на маштеницата!?

Другарке, драга и пријателке, СКАПА. Ова скапа по б,алгарски!

Не им се лути на тие што те критикуваат. Бегај од тие што ти се умилкуваат! Од слепите послушници! А, и ти, самата, бегај кога ќе се соочиш со опасност од таква улога.

Ич не боли. Слушај паталец. Кога ОЛЕСНУВАЧОТ!” (оној кој замина во Софија стенкајќи под товарот на докажаниот криминал и со oчи затемнети од путерот кој му течи од темето!), му дозволи на Марјана – Попот, да директорува во мојот директорат, едноставно, свиткав лист и стигнав на Бихаќка”, кај другар ми Оливера, со пусулчето враце. Брат, му велам, од денеска, или јас не сум за СДСМ, или СДСМ не е за мене!?

Истиот ден, Попот беше упатен на Бихаќка, по пусулчето кое Бела Рада го преточи, го препрочита!” како поднесена оставка и веќе до вечерта добив решение, со нејзиниот СКАП потпис, дека оставката ми е прифатена, разрешен сум по сопствено барање!? Каква оставка, какви бакрачи! Ете толку од демократското лице!

Не им се лути, дури, и ако намерите ти се најдобри. Луге како луге, им кажале:и патот до адот е поплочен со најдобри намери!

Едноставно, не го погоди моментот за реформите. Посеа сол на отворена рана. Освен, ако намерата не била малку да им се умилкуваме на СКАПИТЕ пријатели!? Во вистинскиот момент, нели!?

Во вистински, или во несреќно избран момент, историјата е многу жежок терен. Историјата е првата, најважната учителка на животот.Без историја, нема иднина.

На 3 октомври 2019 година, драгиот, почитуваниот претседател Стево Пендароски, во чиј избор активно, пожртвувано и со сите преостанати физички сили учествував (нели, не се заприметивме на еден собир во Охрид!?), дојде во моето село Црвена Вода. Таму, историјата е пишувана во живо. Нешто пред моето доагање на овој свет, но, во секој случај, јас ја изучував во живо. Секој училишен ден поминував под плочата на која беа напишан сите атрибути на денешнава македонска држава.

Од соселаните, од курирчето Трајче и писателот Ванче, од дедоми Ангеле, од татко ми Ристо, од мајка ми, Неда, до останатите соселани. Сите учесници во НОВ и Револуцијата. Кој со пушка, кој со плетиво. Против фашистичкиот окупатор.Еве, нема да речам кој, за да не ја навлажнувам Мисицата. И на сите ви велам:немате потреба, посебно, да нагласувате БУГАРСКИ фашистички окупатор. Доволно е само ФАШИСТИЧКИ! Сите ќе разберат, а сеуште има живи, кои во живо ја знаат историјата.Ете, гласот веќе стигна до Чешка, Словачка, Австрија…

Драгиот Стево дојде да говори на годишнината, на прославата на Денот на издавањето на Манифестот до македонскиот народ, од 3 октомври 1943 година, еднаков на Крушевскиот, потпишан од командантот на Главниот Штаб, за нас селаните – другарот Дончо. Младиве, кои ќе учат реформирана!” историја, сега, ќе прашаат: кој му е, пак, на овој, сега, тој Дончо? Со право. Затоа на час по историја (или на музичко и ликовно-заедно, зошто тука не и физичко!?), треба да им се каже дека Дончо е партизанско име на генерал Михајло Апостолски, а, пак, Дорчо, е името на коњчето од Волшебното самарче.

Да не мешаат поими и имича: Дончо и Дорчо!

Даскалите по историја, треба да им кажат на децата, дека тој Дончо бил најдаровитиот во класата на Воената академија, потоа во командувањето во битките против ФАШИСТИЧКИОТ окупатор, дека во ослободеното Скопје (тој, а не некој ОКУПАТОР!) прв вјасал на чело на колоната на БЕЛ коњ, дека ја градел оваа земја, дека во живо – како учесник, а потоа и како научник, ја пишувал историјата на оваа земја, дека бил директор на Институтот за националпна историја (сега ќе го укинуваме, нели!?), дека на моја лична покана, непосредно пред смртта, дојде уште еднаш да ги види моето Црвена Вода и мојот роден дом.

Ете зошто, другари и другарки, драг Стево, драги пријатели од твојот Кабинет, беше сум ставил нокти!”, да дојдете во селото и да го пречекорите мојот роден куќен праг. За да Ви кажам дека тука, на истото место, седеле Мајски (Петре Пирузе), Дончо, Сфештарот, Владо Мале. Оној, кој пишува во еден расказ:што чекате вие годивки:Црвеновочанки, уште пред две недели, ги исплетија од вас бараните чорапи, фанели (џемпери), шалови….

Јас на почитуваниот претседател, уште му кажав јавно, на собир, дека со неговото доагање, од тој момент, за нас во селото, врховниот командант Стево Пендаровски е паралелата,овоплотувањето со командантот Дончо.

Стево е паметно, шармантно и што е особено важно,многу духовито момче.На кметот селски, со презиме Николески (машката Атиџе по прашањето на дивиот мед!), му вели: што си ти во селово? Овој вели, претседател на МЗ. Ами, што си се уплашил, така – ти претседател, јас претседател, што има тука разлика!? На нестата (ова по нашки -дебрчански) моја и вели: те слуша овој? Таа молчи? Ако не те слуша, вели, овде има толку дрва (ние селаните велиме – ластагарки), па знаеш како треба.

Во право е Стево: кога – тога, во жална Македонија, ќе заиграат ластагарки, оваа неприродна состојба не може вечно да трае.

Претседателот Стево, кој на селаните, со кои се испоздрави до последниот (јас, кутриот, душа собирав каскајќи по неговиот долг чекор на угорнината, уште и со сеуште свеж, акутен… да не кажам што!),а, после се што од нас слушна за извориштето на македонската современа држава, им вели: КАКО Е ВОЗМОЖНО, ЈАС ДА БИДАМ ПРВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОВАА ЗЕМЈА, ШТО ДОШОЛ ТУКА!?

Е, па можно, е почитуван Претседател.

А, АКО, ВАКА ПРОДОЛЖИМЕ, ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОМОЖНО!!!

Веле Митаноски

Back to top button
Close