ТВ24: „Клексан“ нема во аптеките

Граѓани очајно и во паника на социјалните мрежи бараат помош за да дојдат до лекот клексан. Потрошувачката се зголеми поради тоа што овој лек почна да се употребува и кај дел од пациентите со КОВИД, кај кои што се појавуваат проблеми со крвта, но и граѓани кои немаат корона, а имаат други состојби за кои им е потребен, се жалат дека лекот го нема.

„Добар ден, може ли да ми посочите од каде снабдувате Клексан, по аптеките нема никаде. Или ако има некој останато дома, што повеќе не му се потребни, би си ги платиле“.

„Здраво на сите. Имам голема потреба од клексан дали има некој на кого не му се потребни или од каде ги набавувате“

„Да не има некој клексан, многу е потребен, благодарам“

И додека граѓаните мака мачат да дојдат до клескан, од министерството за здравство негираат дека има недостаток од лекот.

„И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како клексанот и ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип на терапија ниту во болниците ниту во аптеките.“ – Министерство за здравство.

повеќе

Back to top button
Close