„Миле, признај бе, здравјето го изгубивме“ – „Не сум крив, нема мој потпис“, полемика Цаноски-Јанакиески за ТНТ

Пред да влезе судијата во судница на денешното рочиште за ТНТ (рушењето на Космос) оштетениот Сефер Цановски му се обрати на обвинетиот екс министерот Миле Јанакиевски и побара од него конечно да признаел дека е виновен за голготата и штетата што со рушењето му било направено на семејството Цановски.
„Миле признај бе, 3 години глумите лудило на суд, му рече Сефер Цаноски на Јанакиески додавајќи дека 10 години веќе се расправаат со банките од кои зеле кредити за објектот.
„Миле се разболевме бе а вие глумите лудило. Вие го срушивте објектот, го снема, кој го сруши, ние самите не“, му рече Цаноски.
На ова Јанакиески се пожали и него дека не му било лесно.
„Не сум јас виновен, на ништо нема мој потпис, кој е виновен нека одговара“, се правдаше Јанакиески.
Судењето е во тек а на почетокот адвокат на еден од обвинетите побара судењето да се одложи бидејќи му дошол клиент од Виена на што доби одговор од судијата дека нема да дозволи да го застарат предметот додавајќи му – „седи и ќути“.
Судењето денеска започна со сведочење на оштетениот Сефер Цаноски за штетата која им била нанесена со рушењето, дека 400 луѓе останале без работа а многу граѓани кои имале уплатено за станови во Космос останале без нив.
Цаноски кажа дека тогаш се обратиле на Груевски и Мијалков да ургираат да престане рушењето, но од пријатели по притворањето на тогашниот нивен сват Велија Рамковски тие станале непријатели на семејството Цаноски.
Распитот за ТНТ е во тек.





