Во изолација уште 860 лица, 199 во самоизолација, а 559 не носела маски

 Во текот на изминатото деноноќие издадени се решенија за изолација на 860 лица, а 199 лица потпишале изјави за самоизолација на територијата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека две лица не ја почитувале мерката за изолација.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице, информираат од МВР, регистрирани се 559 прекршоци.

Back to top button
Close