„Локид Мартин“ презентираше детали за новата генерација ракети воздух-воздух


Американската компанија за производство на оружје „Локид Мартин“ денеска откри детали за нова генерација ракети воздух-воздух, дизајнирани да се спротивстават на заканите од Кина.

Така наречената „Заедничка напредна тактичка ракета АИМ-260“ (AIM-260 Joint Advanced Tactical Missile) тајно е развивана со години како средство на американската војска да се спротивстави на растечките капацитети на Кина за воздушни напади со долг дострел

„Локид Мартин“ наведе дека ракетата „воздух-воздух“ од новата генерација ќе имаат поголем дострел и подобра ефективност од ракетите со кои сега располага американската армија и оти предностите на АИМ-260 ќе бидат корисни во борбата против кинеските авиони ловци, како што е J-20.

Ракетите АИМ-260 ќе бидат дел од вооружувањето на авионите Ф-22 и Ф-35.

„Локид Мартин“, исто така, објави детали за новиот договор со Министерството за одбрана на САД за забрзување на производството, за да може Пентагон да ги обнови своите резерви на оружје. Исто така, соопшти дека компанијата ја примила првата пратка „критични компоненти“ од „Џенерал Моторс“ за производство на ракети пресретнувачи „Патриот“. Војната со Иран ги исцрпи резервите на ракети на САД и нивните сојузници

Back to top button
Close