СДК: Гевгелиското обвинителство не може да утврди дали жртвата е малолетна на интимната снимка што се споделува, а нема налог за претрес на телефонот и компјутерот на пријавениот

За случајот со двете девојки од Гевгелија, чии фотографии и видео беа споделени од нивниот поранешен партнер, во САКАМДАКАЖАМ.МК се огласи Јавното обвинителство, кого жртвите го посочија дека предметот го чува во фиока и ништо не презема да го откри и казни сторителот.

Обвинителството вели дека не добило кривична пријава од полицијата, туку само известување за настан.

Девојките случајот во полиција го пријавиле во јули лани, веднаш откако добиле информација, т. е. скриншотови дека нивни интимни фотографии и видео од едната, кое датира од 2013 година кога била малолетна, масовно се споделуваат низ градот и низ Југоистокот на група именувана „Гевгелијахаб“.

Незадоволни што полицијата и Јавниот обвинител на Гевгелија не преземаат ништо, девојките есента самоиницијативно поднеле до Обвинителството кривична пријава против едно машко лице, поранешен нивен партнер, со докази дека фотографиите и видеото ги поседувал тој.

„На 2.10.2020 година две лица – пријавители, преку полномошник адвокат од Скопје поднесоа кривична пријава против едно лице од Гевгелија и повеќе непознати лица за сторени кривични дела Злоупотреба на лични податоци од член 149, а за едно од нив и за Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а од Кривичниот законик. Во врска со овој настан Обвинителството нема добиено кривична пријава од МВР, освен известување за пријавен настан во прилог со два записника за примање на пријава од двете пријавителки, но само за кривично дело Злоупотреба на лични податоци од чл.149 ст.1 од КЗ“, кажува Обвинителството што добило од гевгелиската полиција.

Но, во пријавата која подоцна со помош на адвокатката Наташа Бошкова од „Коалиција Маргини“ ја поднеле, тие самите го насочиле Обвинителството дека во случајот има и дистрибуција на детска порнографија.

…

повеќе

Back to top button
Close