Утре во 14ч на Табановце Вучиќ ќе му ја предаде на Заев првата пратка вакцини

Утре 11.02.2021 година (четврток) во 14:00 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.

Премиерот Заев придружуван од министерот Венко Филипче и претседателот Вучиќ ќе дадат кратки изјави за медиумите на граничниот премин.

Back to top button
Close