180 нови случаи на ковид-19, 13 починати и 260 оздравени лица
Во последните 24 часа се направени 1.814 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 78 -Прилеп 18 -Кавадарци 15 -Тетово 12 -Охрид и Струмица по 10 -Куманово, Велес и Струга по 6 -Дојран 3 -Гостивар, Гевгелија и Неготино по 2 -Штип, Битола, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Виница, Валандово и Крушево по 1.

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица. Регистрирани се 206 оздравени пациенти од: -Скопје 146 -Куманово 14 -Тетово 8 -Велес 7 -Гостивар 5 -Кичево 4 -Струмица, Штип и Битола по 3 -Виница, Кочани, Кратово и Демир Капија по 2 -Прилеп, Кавадарци, Крива Паланка, Валандово и Радовиш по 1. Досега во земјата се направени вкупно 486.961 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.






