Следната недела трилатерална онлајн средба меѓу Русија, Кина и Индија

 Индија ќе учествува на трилатерална средба со Русија и Кина следната недела, соопшти денеска индиското Министерство за надворешни работи.

Индискиот министер за надворешни работи Субрахманијам Џаишанкар ќе учествува на онлајн состанокот што ќе се одржи на 23 јуни, изјави портпаролот на Министерството, Анураг Сривастава.

Индија и Кина меѓусебно се обвинуваат за судирите на хималајската граница кои избувнаа во понеделникот и во кои загинаа најмалку 20 индиски војници.

Back to top button
Close