Другарки и другари, баталите спектакли-заштите те го населението додека не дојдат вакцините!

Телевизискиот спектакл (послемите, велат, дури и циркусот Адрија!), денеска, мега – мајсторот, Александар Велики Вуќиќ, го сели, од Табановце, на српско – македонската, на српско – црногорската граница.
Ако овде спаринг – партнер му беше прај – министерот Зоран Заев, таму, неговата улога ќе ја игра (на пониско ниво) вајс – прај – министерот, Дритан Абазовиќ, кој, таман начека прилика, да сеоопшти дека врз овој гест ќе се градат новите српско-црногорски односи.
Велат, на подарок не му се бројат забите! Во македонската варијанта тоа е малку “покопитено”: на подарен коњ не му се бројат забите!
И не се обидувајте да ги броете. Затоа што “коњот”, навистина, ги има сите заби, совршено наредени, бели и порцелански. А кога кај “коњот” сите заби се на број, тогаш и магарето совршено лета!?
Лета магарето? Лета, ами како! Се што Вучиќ ќе подари за приврзаниците на Левицата, не е подложно на критика. Не поради дародавателот, туку поради – даропримателот! И тука нема шанси за докажување дека магарето, всушност, нема крилја, туку копита. Левицата во копитата гледа крилја и тоа е тоа!
Не се обидувајте некого да убедите дека е во ред само чинот (на подрувањето) а не и НАЧИНОТ – со сиот тој непотребен, КИЧЕСТ спектакл. Добар е и чинот, и начинот, и копитата се крилја, и – МАГАРЕТО ЛЕТА!
Се разбира, за Десницата, овој пат оличена во опозиција, ниту магарето лета, ниту е добар чинот, ниту е добар НАЧИНОТ! Што за Влатко Ќорчев значат три – четири илјади вакцини, кога “во првиот поголем српски град Врање, дневно се вакцинираат по илјада српски граѓани и по десетина македонски државјани, кога Вучиќ, веќе, испелцувал мал милион негови поданици, а нас не чести едно пакетче!”.
Здраворазимните би коментирачле во смисла дека секој подарок треба да се прими со нужна благодарност (без еуфорија и снисходливост на државно ниво!), дека не се исти чинот и НАЧИНОТ, дека не се јадат колбаси и гулаш од “станари” на земјинава топка кои, и според словото на законот, не се убиваат, дека дарот, сепак, не е за одговор – со икона на Св.Пантелејмон, дека, дека…..
Многу, многу дека, се до ЕУРЕКА!Како што Архимед трчал гол по Сиракуза!
Зошто, сепак, имаме право да размислуваме, коментираме дека не се исти чинот и НАЧИНОТ, дека коњот си е сосема во ред, ама, дали требаше токму така, понижувачи и според сценариотo од Белград – два пати вооигрувано , “коњот” да се довлечка до Табановце?
Исто така, имаме право да размислуваме дека пакетот не е мал (не очекуваве, белким, со два шлепери да го донесат!), ама, дека, навистина акалот ни е МАЛ. Дека, сепак, не треба да подлегнуваме на туги сценарија, особено ако доагаат од врвeн популист, кому, на планот на себепромоцијата, капа мораат да му симнат и највештите ПР мајстори и Спин – доктори!
Освен ако “зајакот не лежи во техникалиите и фекалиите!”. За тоа се погрижија циниците: Вучиќ и света Ана, откако се увериле дека од техничко – административни соображенија не можат да дојдат на границата да ги даруваат “браќата од северот!”, решиле да почекаат да паднат температурите на минус 22, па колку – толку, да се создадат услови.На таа финта подлегнале и од Фајзер!
Кој не верува, ќе се увери денеска на црногорската реприза.
Имено, со вакцините на Александар Велики Вучиќ (како да се набавени со парите на татко му!), одавна се “цепат” и во Република Српска. Но, од тоа никој не прави спектакл. Освен, ако толку се “исцепиле” – се до отцепување, те тука нема тема за моите колеги од двете страни на Дрина!?
Зошто, пак, самиот лично, си земам право да размислувам и за ЧИНОТ и за НАЧИНОТ?
Затоа што, уште пред два месеци, напишав: идеите за Мини – Шенген, како што ме потврди и другарот Заев на Табановце, прифаќајќи го изнуденото гушкајње, надвор од протоколите, на смрзнатиот Вучич (а како и не би се смрзнал кога, дошол, вели, во Северна Македонија!?), во мини-колумна, дека земјите од Балканот треба заедно, преку еден центар, да се снабдуваат со вакцини – од каде ќе стигнат.
Ако, пак, Вучиќ, најдобро знае кинески кога му се обраќа на другарот Си Ѓинпинг, тогаш тој нека биде вождот. И во име на Заев, и во име на Скопје, и во име на Тирана, Приштина и Сараево…
Артно ама тогаш, другарите и другарките, не даваа да разговараме “па руски и китајски”, без да го прашаме Столтенберг!? Тоа што во Унгарија глупавиот европски анти – демократ Виктор Орбан, веќе пелцуваше “па руски и китајски”, за нас не важеше. Тој пелцуваше, ние пелтечевме!!!
И сега што?Ништо, еве денеска почнуваа пелцувањето, па кој ќе преживее, ги дочека (сепак кинеските вакцини!) ќе раскажува!
И дотогаш што?
Дотогаш, да престанеме да се ссебеисмејуваме и себеобмануваме! Да почнеме, да почнат да не удуцираат, особено нас – на стари години. Да разбереме дека секој ден е критичен, дека нема, што би рекол Вилипче – шега со короната. Дека немаме вакцини, дека уште долго ќе ги чекаме – да пристигнат за сите, а дотогаш, на властите да им кажеме јасно и гласно: во ваши раце се и сатарот и панот (трупчето). Не се играјте-стегни, попушти. Не бидете рамнодушни на бројките кои ни ги соопштувате за починатите!
Се намалувале, нели? И еден емногу! Тоа се луге и судбини, а не бројки. Земете ги дизгините во раце. Казнувајте, затворајте ресторани, кафеани и хотели. Вирусот уште долго нема да замине. Ќе дојдат уште многу гости, покрај оној Британскиот!
Другари и другари: баталете мегугранични журки и спектакли. Баталете мечкини колбаси и срнечки џувеч. Не се крстете во светци и икони, спасители и дарители. Заштитете го населнеието, додека не дојдат вакцините!
Затнете ги сите дупки на браната, од каде ви потекува водата, додека не прерасне во буица. Премостете го времето. Редуцирајте ја болеста, напуштете ја таа ваша (и наша) дескриптивна епидемиологија. Забавете го процесот. Смалете ја опасноста од тешки форми и трагични исходи.
Не дозволувајте вирусот да е попаметен од вас (од нас). Не му дозволувајте од тешките, да се префрли на полесните форми.
Нема идеално – барем нека биде оптимално!
Тоа е ваша, не само политичка, туку морална и етичка обврска.
И одговорност!
Веле Митаноски






