Во Кичево тешко оштетени контејнери поради фрлање разгорен пепел

Голем број од контејнери во Кичево се тешко оштетени. Од ЈКП „Комуналец” велат дека често се случува граѓаните во нив да фрлаат пепел во кој сè уште има жар, која, пак, го разгорува останатиот отпад и тешко ги оштетува контејнерите. На комуналците особено проблеми им создаваат пластичните контејнери, кои од високите температури често се продупчени и деформирани, по што стануваат неупотребливи за собирања на отпад.

Комуналците редовно им укажуваат на граѓаните на овој проблем, но како нивните апели да не допираат до нив, вели директорот на ЈКП „Комуналец”- Кичево, Зенел Јонузи.

– Контејнерите наменети за комунален отпад често се предмет на невнимание на поединци кои во нив фрлаат пепел во кој има нецелосно согорени дрвца, кои во допир со останатиот запалив материјал се разгоруваат и поради високите температури поцинкуваните контејнери се оштетуваат а најмногу штета од овие појави имаат пластичните контејнери, кои се топат а во делови каде што е разгорен огнот се деформираат и стануваат неупотребливи-вели Јонузи и потсетува дека и смрдливиот чад од контејнерите го загадува воздухот.

Тој со забелешка до граѓаните и поради се почестото вадење на тркалцата од контејнерите, кои потоа се искривуваат и стануваат тешки за празнење.

– Покрај претходно наведените проблеми, проблем ни претставува и вадењето на тркалцата на контејнерите, кои потоа стануваат нестабилни и под товарот на отпадот се искривуваат и стануваат исклучително тешки за празнење и нашите вработени со многу тешкотии можат да ги испразнат-додава Јонузи.

Back to top button
Close