Владата олесни дел од ковид-рестриктивните мерки

– Владата на 69-та редовна седница, донесе одлука, забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 13 мај 2021 почнува од 24:00 часот до 04:00 часот наутро наредниот ден.

-Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект – само летни тераси, градини, а не во затворениот дел, е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година, објави Владата на својот фејсбук-профил.

Од утре – 12 мај сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30 проценти од капацитетот на затворениот простор.

Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од утре.

Согласно претходна одлука на Владата, утревечер нема полициски час.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close