Љупчо и Рамиз

Штета што Норвешка не е во ЕУ. Инаку, имплементацијата на Законот за легализација на дивоградбите ќе беше одличен твининг проект и уште еден чекор до стандардите на ЕУ. Тоа „надлежните институции“ многу убаво изгледа напишано на хартија.
Како што убаво звучат зборовите на вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
Кога ќе каже дека, на пример, со градоначаникот на Струга Рамиз Мерко разговарале за „потребата од спроведување на мерките од Планот за борба против корупцијата кои се однесуваат на локалната самоуправа“, тоа така сериозно звучи што веднаш помислуваш дека нема корупција.
Вицепремиерот и градоначалникот „се согласиле дека битката со корупцијата мора да ги вклучи сите општествени чинители, а соработката со локалната власт е клучна“. Љупчо и Рамиз сложно ќе се борат против криминалот.
Дека градоначаникот на Струга не е истата „надлежна институција“ што изјавува: „Ние ќе градиме, и не само што градиме ќе доградиме сè.
Овие навладини од Охрид што напаѓаат во Струга, за тоа баш ме брига“. За разлика од Мерко кого „баш го брига“ за дивоградбите во Струга, неговиот сопартиец Артан Груби ќе води туѓи „бриги“.
Па кога нема со црево да ја мие калдрмата во скопската чаршија, ќе се грижи за Грузија да ги реформира судството, обвинителството и безбедносните структури по наш урнек.
Груби тоа ѝ го кажал на грузиската претседателка Саломе Зурабичвили, која беше во официјална посета. Тоа е оној урнек според кој 214 странски криминалци од МВР добиле легални фалсификат македонски пасоши.
И според кој мораше да се создаде Специјално обвиниителство, затоа што нормалното обвинтелство одбиваше да се меша во својата работа.
Според тој урнек специјалната обвинителка заврши в затвор поради корупција од осомничен во еден од нејзините случаи.
Во кој свет живее Артан Груби? Како во кој? Па во светот на прв вицепремиер кој самиот си го создаде. Исто како и Љупчо Николовски. Си изградил самиот свет на антикорупција и си живее во неговиот свет на борба против корупцијата.
Целата колумна на Горан ихајловски тука






