Министерот Шаќири се сретна со италијанскиот амбасадор Силвестри

– Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска во просториите на МИОА се сретна со амбасадорот на Република Италија во земјава Андреа Силвестри

Министерот Шаќири, информираат од Министерството, го запозна амбасадорот Силвестри со трите главни столба на МИОА: дигитализација, реформа на јавната администрација и создавање клима за слободни и независни медиуми.

-За време на разговорот, го информирав амбасадорот за процесот направен во овие три области и за тоа што планираме да сториме до крајот на овој мандат, рече министерот Шаќири.

Амбасадорот Силвестри ја поздрави завршената работа и истовремено сподели слични искуства на италијанската држава во овие области.

Back to top button
Close