Просечната нето-плата во март 28.217 денари

– Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, објави  Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 17,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,3 отсто и информации и комуникации за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 5,3 отсто и градежништво за четири отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика,  просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во  март 2021 година изнесува 42.097 денари.

Back to top button
Close