Пендаровски – Силва: Важно е наскоро да почнат пристапните пристапните преговори со ЕУ

– Од исклучителна важност е скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, било потенцирано на средбата на претседателот Стево Пендаровски со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, чија земја е актуелен претставач со ЕУ.

На средбата се разговараше за можностите за напредок на Северна Македонија во евроинтеграциите, во пресрет на одржувањето на Советот на Европската Унија следниот месец. Пендаровски и Силва разменија информации и мислења за билатералните прашања врзани со добрососедските односи, во контекст на надминување на проблемите со Бугарија, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Претседателот изрази благодарност до министерот Силва за напорите на португалското претседателство коешто, покрај бројните значајни теми, ја одржува во фокус и дебатата за проширувањето на Европската Унија.

Министерот за надворешни работи на Португалија, кој е придружуван од евокомесарот за проширување Оливер Вархеји, во Скопје дојде од Софија каде што имаа средби со бугарскиот претседател Румен Радев и претставници на Владата, во обид да се тргне бугарското вето и да се овозможи С Макеоднија да ги почне преговрите за челенством со ЕУ.

Back to top button
Close