Казнети 390 граѓани за неносење маска
– Во текот на вчерашниот ден до 4 часот утринава на територијата на државава казнети се 20 граѓани кои се движеле за време на полициски час.
Како што соопшти МВР, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 390 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата.