Рекордни 650 кубни метри кабаст отпад собрани при акцијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје

 Во рамките на акцијата за собирање кабаст отпад што, во периодот од 18 до 22 мај, ЈП Комунална хигиена-Скопје ја спроведе во сите скопски општини, граѓаните исфрлиле вкупно 650 кубни метри отпад, составен главно од стар мебел и неупотребливи електронски и електрични уреди.

Од претпријатието соопштија дека за празнење на поставените садови ангажирале 20 работници на терен, со употреба на три специјални комунални возила – самоподигнувачи и две возила наменети за собирање кабаст отпад-патарки.

– Жителите на градот Скопје покажаа огромен интерес за акцијата и уште при првиот ден беа преполнети речиси сите 40 поставени садови, додека за времетраењето на целата акција нашите екипи реализираа 130 тури за собирање и транспорт на собраниот отпад. Очекуваме дека оваа акција значително ќе придонесе за намалување на бројот на диви депонии на територијата на градот, истакна директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Back to top button
Close