Жителите на Гома се враќаат во домовите по ерупцијата на вулканот Њирагонго
– Жителите на градот Гома во Демократска Република Конго денеска почнаа да се враќаат во своите домови по синоќешната ерупцијата на вулканот Њирагонго, а лавата стигна до градот.
Вулканот Нирагонго се наоѓа во националниот парк Вирунга, на помалку од 20 километри северно од Гома и недалеку од границата со Руанда. Лавата пристигна до Гома, која брои два милиона жители.
По ерупцијата жителите на Гома го напуштија градот и побегнаа во Руанда. Руандските власти ги олеснија граничните ограничувања и им овозможија на граѓаните влез во земјата.
Поголемиот дел од лавата помина низ националниот парк, во кој има најразновидните растителни видови и заштитени планински горили.
Вулканот Њирагонго последен пат еруптираше во 2002 година, кога лавата уништи големи делови на Гома, при што загинаа околу 250 лица, а 120.000 лица останаа без покрив над главата.