Плус инфо- Мијалков нити побегнал нити ја напуштил државата, утврдила истрагата

Надлежните обвинители кои постапувале и ги утврдувале околностите, по целосниот распит на сите инволвирани, заклучиле дека не постоел план за бегство, дека Мијалков не ја напуштил територијата на државата и дека цело време бил во Скопје.

Од вештачените телефони и комуникација, како и од другите прибрани докази и траги, утврдено е дека не постоела никаква дојава, ниту некој можел да помага, затоа што не постоела организирана намера за бегство.

Напротив, Мијалков немал обврска дента да се појави пред судот или пред некој друг орган за властите да го сметаат дека е недостапен.

Неофицијално дознаваме дека истрагата дури утврдила и пропусти во постапувањето на органите надлежни за достава и на другите органи кои можеле да стапат во контакт со одбраната на Мијалков и да го информираат преку нив за решението за куќен притвор, наместо да се крева медиумска врева за наводно бегство.

Според нашите информации, резолуцијата на обвинителите кои постапувале била подготвена и проследена до претпоставените, но очигледно некој од повисоките инстанци во ЈО одлучил дека случајот треба да се премолчи и јавноста не треба да биде информирана за исходот на оваа истрага.

Освен резолуцијата, изворите од ЈО велат дека на неколку страници било доставено и предлог соопштение за јавноста кое не е објавено.

Целиот текст на Плус инфо 

Back to top button
Close