ВИДЕО | Омбудсманот Зибери: Најголем број претставки околу работата на извршителите

Согласно Законот за Народниот правобранител, Народниот правобранител еднаш годишно пред Собранието го доставува на разгледување Годишниот извештај за степенот на заштита на човековите слободи и права. Тој Извештај на 31.02.2021 беше доставен до Собранието и за првата наредна седница која е закажана на 10.06.2021 е ставен на дневен ред, пратениците треба да го разгледаат и да усвојат препораки кои ќе се достават до Владата, а преку Владата до органите на управата на кои се однесуваат тие препораки, за надминување на проблемите и подобрување на заштитата на човековите слободи и права, изјави во Утрински брифинг народниот правобранител, Насер Зибери.

 

 

 

„Убеден сум дека ќе има критички осврт на состојбите, а патем да кажам дека соработката како за почеток е добра. Јас ја искористив приликата да се сретнам, а по повод годишниот Извештај, и со претседателот на државата, со премиерот со кој воглавно се однесуваат забелешките, препораките и критиките и на крај со претседателот на Собранието, бидејќи Собранието е куќата која ја надгедува работата на Народниот правобранител и дава препораки за подобрување на состојбите. Во таа насока во Собранието на дневен ред е и предлогот за измена на правилникот за систематизација на службите во Народниот правобранител и сето тоа се тековни активности. Институцијата во минатото се соочувала со сериозен недостаток на кадри, а и места и позиции кои биле внесени во правилникот, но и за позиции кои се неопходни, а не постоеја во систематизација, на пр. одделот за информатичко општество каде има само еден извршител, кој објективно не постигнува и да го апдејтува и снабдува делот со информации и не само тоа. Ние имаме сериозни проблеми од причина што за секој ангажман на лица надвор од институцијата треба да објавиме тендер. До сега било пракса да се пријавуваат институции, здруженија, фирми со најниски цени, но кои по квалитет не одговараат на тоа што е прифататено како обврска. Од тие причини во делот на систематизацијата предвидуваме да се зајакне овој дел со уште двајца извршители, но и други – имаме оддел за меѓународна соработка кој нема ниту еден извршител, вели Зибери кој додава дека овие забелешки ќе поминат.

„Меѓу другото измените се и како резултат на програмата К5 за префрлување на административните службеници кое претставува проблем за институцијата, зошто дел од тие луѓе се со несоодветна квалификација за природата на дејноста која ја обавува Народниот правобранител. Јас водев долга дебата на оваа тема, за дел ги убедив челниците на Министерството за политички систем дека не одговораат на природата на обврската. Мој личен впечаток е дека требаше да се направи една подлабока анализа за лицата кои треба да се распределат, структурата на органите и потребата на органите и убеден сум дека тогаш поефикасно ќе се решеше проблемот, но и продуктивноста од распределувањето на тие луѓе ќе беше далеку поголема“, вели Зибери.

„Анализата се однесува на 2020 година и од Годишниот извештај за 2020 се гледа еден сериозен пад на претставки поплаки на граѓаните упатени до Народниот правобранител. Јас често милувам да кажам дека тоа е резултат и ефект на пандемијата – се ограничи движењето на луѓето, од здравствени причини не беа во состојба да комуницираат и пријавуваат и сето тоа доведе до ситуација за 1/3 се намали бројот на претставките, некаде 2450 претставки, вели Зибери и додава дека традицонално претставките се однесуваат на областа правосудство, работните односи, правата кои се врзани со потрошувачките права на граѓаните, пред се комуналните услуги и сметките за потрошена струја. Во делот на правосудството доминираат поплаките во однос на извршувањето, односно работата на извршителите.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Back to top button
Close