Отворање ресурсни центри за интеркултурно образование
– Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Нансен дијалог центар-Скопје денеска ќе пушти во употреба двa ресурсни центрa за интеркултурно образование. Тие се наменети за студентите од институтите за педагогија и за психологија кои во текот на оваа академска година следат обуки за градење компетенции за интеркултурно образование во тренинг-центарот на НДЦ-Скопје.
Филозофскиот факултет соопшти дека рeсурсните центри ќе им овозможат на студентите полесно да развијат интеркултурни компетенции, како и интеркултурна трансформација и облагородување на севкупниот воспитно-образовен процес во предучилишното, основното и средното образование.
Нивното опремување е овозможено со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Норвешка, преку програмата за интеркултурно образование на Нансен дијалог центар-Скопје.
На настанот ќе присуствуваат заменик-амбасадорот на Норвешка Геир Јохансен, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани, деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Ратко Дуев и извршниот директор на НДЦ-Скопје, Ветон Зеколи.