Костовски до оштетените штедачи- Ке ве тужам ако продолжите, ке ве тужам за клевета

 

Во објавата на оштетените штедачи од 15.06.2021 година, ме обвинувате како соучесник во лошото работење на банката.

Сакам да ви биде јасно, јас како акционер го именував само Управниот Одбор и целокупната внатрешна структура во банката е раководена од поставениот Управен Одбор, читајте Генерален директор.

Со каква леснотија обвинувате за мое соучесништво, навистина се граничи со неразумност.

Повторувам: стојам на располагање за секаков вид распит околу стечајот на Еуростандард банка.

Нема да толерирам натамошни клевети од ваша страна и ве предупредувам дека доколку продолжите на ваков начин да ми го рушите достоинството, ќе бидам принуден да ве носам на суд, да ве тужам за клевета.

Трифун Костовски

Back to top button
Close