Средба на министерот Шаќири со потпретседателот на црногорската Влада

За време на денешната посета на Подгорица, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири оствари средба со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.
На средбата станало збор за повеќе теми меѓу кои и за укинувањето на роаминг тарифите во земјите од Западен Балкан и за можните соработки меѓу двете земји.
– Размената на искуства е повеќе од неопходна за унапредување на нашите проекти, наведуваат од МИОА.
Средбата, како што се посочува во соопштението, завршила со взаемна заложба за остварување на почести состаноци во иднина и со ветување за поинтензивна соработка и комуникација.






