Улогата на вакцините во заштитата на работниците!
Вакцинацијата веројатно ќе го намали влијанието на КОВИД-19 врз работното место поради целокупниот потенцијал со кој може да го намали бројот на заболени од оваа болест во заедницата. Досегашните докази покажуваат дека вакцините ја намалуваат сериозноста на симптомите и смртноста од Ковид-19. Постојат и првични докази дека ќе можат да го намалат и потенцијалот на една личност да ја шири болеста, но ова ќе мора да се следи до сигурни докази за тоа. За сега ниту производителите не даваат ваква гаранција за било која вакцина.

Според хиерархијата на мерките за контрола на биолошки агенси, вакцинацијата како заштита од инфекции при работа е последната линија на одбрана и истата може да се употребува само доколку се достапни и употребени сите други заштитни контролни мерки.
Како и со сите други контролни мерки, имунизацијата треба да се провери и искористи кај што е употреблива, како и да се обезбедат стимули онаму каде што се смета за потребно. Во случајов со Ковид-19, несомнено е дека ќе бидат потребни и бустери за кои ќе се потребни посебни напори да се обезбеди расположение кај веќе вакцинираните работници.
При планирање во иднина, работодавачите ќе треба да ги земат во предвид следниве нешта:
1) Дали широко распространетата вакцинација на работната сила претставува ефективна контрола на биолошкиот ризик, со кое ќе се намали потребата од други форми на лична заштита кај работниците.
2) Дали треба да се примени кога има простор за систематско проширување на вакцинацијата (на пр. во здравство) со цел да се заштитат и другите работници.
Во однос на овие точки, ќе треба да се согледа следново:
1) Индикациите за ефективноста на вакцините се променливи.
2) Не може да се знае ефикасноста на вакцината за секоја индивидуа.
3) Не постојат доволно податоци за ефективноста во различни групи.
4) Варијабилното внесување на вакцини во различните возрасни групи.
5) Ефикасноста на вакцините кон мутациите на САРС-КоВ-2.
6) Позицијата за трудниците и вакцината КОВИД-19, која и сега покажува дека вакцинацијата не треба да се употребува како замена на други ефективни контролни заштитни мерки.
• Бремените и неодамна бремените работнички не можат да имаат корист од вакцината во моментов како заштитна мерка.
Стратегиите за контрола на инфекциите, засновани на широко распространетата употреба на вакцините како контролна мерка, треба да го имаат во предвид ова. Кога се достапни други докажани ефективни мерки за контрола, примерот со работа од дома, а вакцината е доброволна, секое потпирање на вакцинацијата како мерка претставува незаконска дискриминација кон работниците.
Постои извесен оптимизам за идна улога на вакцинацијата при контролата на Ковид ризикот на работното место, но засега не можеме да се потпреме единствено на вакцинацијата како мерка за контрола на инфекциите на работното место.
Таа е премногу порозна мерка на заштита. Додека не добиеме доволно информации од науката, другите контролни мерки не можат и не смеат да се релаксираат во работничката популација и заедницата.
Илчо Ефкоски






