Пожарот под Кале, е изгаснат причина најверојатно е огнометот oд Американсата амбасада
Противпожарната бригада на Град Скопје повеќе од половина час го гаси пожарот што вечерва избувна под Кале.

Од МВР за СДК изјавиледека добиле пријава за пожар на мала површина, кој веднаш е изгаснат.
Командат на скопската пожарна, Владимир Симоновски за „360 степени“ вели дека на терен се испратени две возила и дека нема опасност од проширување на пожарот.
Причината за пожарот, вели најверојатно е огнометот на Американската амбасадата.
„Бидејќи местото е многу суво, најверојатно од падот на остатоците од огнометот се запалило. Пожарот избувна под тврдината и нема опасност за околината“,
вели Симоновски.






