Јавно изложување на фотографиите на насилниците во Народната канцеларија, предлага Сиљановска-Давкова
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека е неопходно итно да се преземат заеднички активности за спречување на родово базираното насилство, оценувајќи дека досегашните законски измени и институционални мерки не дале доволно резултати.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара од претседателот на Собранието на дневен ред да се стави законското решение за заштита од родово базирано насилство, за кое опозицијата тврди дека од август е во фиока, Сиљановска-Давкова рече дека проблемот бара координиран пристап од институциите, пратениците, експертите и граѓанскиот сектор.
Таа понуди да организира заедничка средба на сите засегнати страни, на која би се разговарало за конкретни чекори и активности за справување со насилството врз жените.
„Најнеопходно е прво да седнеме сите заедно, јас сум спремна тоа да го организирам. Значи, оние кои што ги менуваат законите, пратениците и пратеничките пред сè, невладиниот сектор, експертите, добредојдени се и малкуте жени во власта. Мислам дека под итно треба да преземеме чекори и да се обидеме, многу тешко е, оти ова стана како епидемија“, изјави претседателката по собранискиот настан по повод 35-годишнината од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав.
Таа посочи дека и покрај измените во Кривичниот законик, законите поврзани со Истанбулската конвенција и бројните средби меѓу институциите, пратеничките, невладините организации и експертите, насилството врз жените продолжува со загрижувачко темпо.
„Човек кога гледа дека покрај измените што ги направивме во Кривичниот законик, покрај донесувањето на законите против дискриминација врзани за Истанбулската конвенција, покрај не знам колкуте средби меѓусебни меѓу пратенички, невладиниот сектор, експертки, како да не се намалува, за жал, темпото на загрозување, на непочитување на женскиот живот“, рече Сиљановска-Давкова.
Како една од можните активности за подигнување на свеста во јавноста, таа спомена и необична идеја – во Народната канцеларија да се изложуваат фотографии од насилници.
…
повеќе






