(Видео)Британскиот милијардер Ричард Бренсон одлета и се врати успешно од работ на вселената.

Британскиот милијардер Сер Ричард Бренсон ја оствари животната желба и одлета и се врати успешно од работ на вселената.

Попладнево неговиот ракетен авион Вирџин Галактик се издигна до височините каде што небото станува црно, а хоризонтот на Земјата се закривува во далечината.

Милијардерот во видео обраќање од вселената прача дека му се остварил животниот сон и дека ова е историски ден за човештвото.

Авионот полета и слета во Ново Мексико.

Поради лошите временски услови, летот беше одложен за кратко, но сепак немаше проблеми при полетувањето и слетувањето , како и пробивањето на атмосферата на Земјата со брзина од 3 МАХ-а .

„Уште како дете, сакав да одам во вселената и да им дозволам на стотици илјади други луѓе да го сторат тоа во следните 100 години“, изјави претходно Сер Ричард за Би-Би-Си.

Патниците, Бренсон и уште тројца вработени во Вирџин Галактика накусо ужива во бестежинска состојба и имаа непречен поглед на површината на Земјата.

Бренсон сакал да го сподели искуството со идните клиенти, што се очекува од 2022 година.

Околу 600 луѓе веќе купиле билети во опсег од 200 000 до 250 000 долари.

Back to top button
Close