Oпштина Центар со реакција на колумната на Трифун Костовски

Реакција на Општина Центар на колумната Кермес на Трифун Костовски

Почитувани,

Во интерес на вистината, а спротивно на тенденциозните тврдења на господинот Трифун Костовски, ниту градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ниту било кој во општината, на било каков начин не побарал никаков „рушвет“ на никого, па ниту на господинот Костовски.

Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ бр. 51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14), а како дел од постапката за изработување и донесување на Деталниот урбанистички план Градска Четврт З 12 – Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, Општина Центар – Скопје, беше одржана јавна анкета по предлог-планот во ООУ „Коле Неделковски“ во  периодот од 21.1.2020 до 31.1.2020, на која што сите заинтересирани физички и правни лица можеа да достават забелешки и предлози на анкетни листови.

По завршувањето на јавната анкета и изработениот извештај од одржаната јавна презентација и јавна анкета, согласно Законот, предлог планот со вградените прифатени забелешки беше испратен до Град Скопје, како надлежна институција за издавање позитивно мислење.

Планот е сѐ уште во фаза на добивање на позитивно мислење од Град Скопје, бидејќи во текот на постапката, Градот одлучил урбанистичкиот план за градската четврт да го замени со Регулациски план, а неколку месеци по донесувањето на Регулацискиот план, да го поништи истиот. Овој процес резултира со континуирано враќање на ДУП-от на усогласување со наведените документи.

Во планот кој во моментов е во изработка, вцртани се и градежната парцела, и површината за градба, односно во целост се вратени условите за градба врз основа на кои и е добиено предменото одобрение.

За споредба, во планската документација која во моментов е на сила, за предметната локација не се зададени никакви услови, бидејќи градбата е означена како бесправна – дивоградба.

Дополнително, самиот сопственик до Град Скопје, и последователно до Општина Центар, доставил барање за промена на намената од големи угостителски единици во објект од областа на културата со галериски простор, што повлекува дека одобрението кое се проблематизира самиот сопственик планирал да го поништи, а како би добил ново согласно сопственото барање.

Back to top button
Close