Димитриевски и Илиевски влегуваат во вториот круг од изборите во Куманово
– Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност. Нашиот концепт е од граѓаните за граѓаните. Нашата цел е да ја добиеме поддршката, да бидеме легитимни претставници на сите граѓани на нашиот град. Секоја политичка поддршка е добредојдена, а оттука па натаму граѓаните се тие кои одлучуваат. Во вториот круг граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ќе победи убедливо за Куманово и кумановци. Ќе ставиме крај на многу лоши навики во нашиот град и нашето општество. Македонија има право и мора да се менува. Куманово го следи трендот и секогаш бил предвесник на големи промени, рече Димитриевски.
Тој објави дека и независната советничка група има предност во останатите советнички групи.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалиција, Оливер Илиевски во изјавата дадена за медиумите рече, дека од обработените 97 проценти влегува во вториот круг од изборите.
– Заедно со Максим Димитриевски одиме во втор круг. Имаме изедначен број гласови со тоа што се обработени 97-8 проценти од бројот на гласовите, се менуваат бројките 30, 40 за едниот, другиот така што во вториот круг одиме со изедначен резултат, рече Илиевски.
Тој очекува дека како СДСМ и со коалицијата појасни резултати во вториот круг и победа. Одговарајќи на новинарски прашања дали е изенадувачки резултатот, Илиевски кажа дека не во голема мера.
– Дел од гласовите на ВМРО ДПМНЕ отидоа кај Димитриевски, така што мислиме дека на толкав број на гласови ќе остане и во вториот круг, изјави Илиевски.