Хајредини до Заев: Потребна е борба со корупцијата, и Груевски тврдеше дека ја развива економијата
Политичкиот аналитичар и поранешен министер за финансии, Џевдет Хајредини, вечерва на Фејсбук ја коментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.
Премиерот Зоран Заев вели дека парламентарното мнозинство е стабилно и изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, а дотогаш владата ќе се посветела на силен развој на економијата. П.С.: Па, и до сега викавте дека сте биле посветени на силен, забрзан и интензивен развој на економијата. Исто викаше и Никола Груевски. Посилна, позабрзана и поинтензивна во Македомија треба да биде борбата против криминалот и корупцијата. Без тоа нема ни економија. Сè друго е веќе виден популизам и демагогија“, коментира Хајредини.