Јанакиески: Груевски се интересираше за земјиште од 11.000 метри квадрати на Водно!

Поранешниот министер Миле Јанакиески, денеска за прв пат во судница го смени своето вообичаено место на седење, односно не седна на обвинителна клупа, туку застана на пултот за сведоци.

Тој беше повикан за сведок на обвинителството, а за случајот “Плацевите на Водно”, односно за тајниот имот на неговиот некогашен шеф Никола Груевски, пренесе Фокус.

Јанакиески посочи дека сега е невработен, а рече дека од 2006 до 2015 година бил министер за транспорт и врски.

Јанакиески во своето сведочење директно не го разоткри Груевски, односно дека парцелите ги меркал за себе, но индиректно ги потврди разговорите и деталите од објавените “бомбите” каде што се откриваат градежните лични апетити на екс премиерот.

ЗА ЗЕМЈИШТЕТО НАД КАТОЛИЧКА МЕ КОНТАКТИРАШЕ АЛЕК

На прашањето на обвинителката Лиле Стефанова дали на Јанакиески му е позната фирмата ИТК Инженеринг, која купила земјиште на Водно,  рече дека како министерство имале склучено договори со 100-на правни лица кои купиле земјишта на јавно наддавање. Според обвинението, пак, на ова земјиште Груевски сакал да гради барокна хациенда.

-Договор беше склучен и со оваа компанија за изградба на семејна куќа на потегот на Водно, и од таму ми е позната оваа компанија, рече Јанакиески.

На прашањето дали некој контактирал со него за време на процедурата на јавното наддавање рече:

-По ништо не се разликуваше од другите процедури за јавно наддавање. Се расчистуваа локации со цел да одат на јавно наддавање, а информациите ги добивавме преку градоначалниците. За ова земјиште ме контактираше Александар Ивановски -Теранова, и ме прашуваше за законската постапка. Му објаснив кои се законските одредби за постапката за јавно надавање. Тогаш новина беше електронскиот систем за јавно надавање, бидејќи претходно се вршеше физички, па голем број на заинтересирани не прашуваа како е процедурата и во таа насока ме контактираше и Ивановски, сведочеше Јаканиески.

Обвинителката побара од Јанакиески да даде детали за парцелата.

– Локацијата се наоѓаше над резиденцијата над Католичката црква, таму имаше 3-4 слободни локации. Беше од 3.000 до 4.000 метри квадратни, а другите беа од 1.000 до 2.000 метри квадратни, рече Јанакиески.

ЈАНАКИЕСКИ: ГРУЕВСКИ МИ БАРАШЕ АРХИТЕКТИ

Обвинителката Стефанова го праша и дали за истата локација по завршување на процедурата го има контактирано и распрашувано друго лице?

-Многу често тогашниот премиер Никола Груевски за многу објекти ме прашуваше за архитекти, урбанисти. Се работеше и за локации и за државно и приватно земјиште, но и за оваа локација. Ме имаше контактирано и за локацијата кај зградата Пегла. Јас му предложив неколку архитекти за да изработат проектот, рече Јанакиески.

…

повеќе

Back to top button
Close