Пецаков: Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид, ги повикувам надлежните институции да постапат

Најостро го осудувам насилниот настан што го потресе Охрид во текот на вчерашниот ден. Како личност и како градоначалник згрозен сум, Охрид е згрозен! Вакви немили настани не се одлика на Охрид и не смеат да се случуваат во Охрид.
Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков во врска со насилството во Охрид и случајот со претепувањето на 26-годишната Сара.
Ги повика институциите да го расветлат случајот што е можно побрзо.
-Ги повикувам надлежните институции брзо, ефикасно и правично да постапат. Јавно се оградувам и стојам на страната на правдата и Законот. Насилство не е решение! П.С. Сите насилни случаеви од овој карактер во изминатиов период ни укажуваат дека најитно ни е потребна промена во Законот за постапувањето и третирањето на насилниците на поинаков начин, вели Пецаков.






