Бектеши: Со Косово се преговара за набавка на три милиони тони јаглен
Со Косово се преговара за набавка на три милиони тони јаглен, изјави за Телма министерот за економија Крешник Бектеши.
-Веќе сме доставивме Меморандум за соработка и рамка во однос на параметрите коишто нас ни требаат за да функционираат нашите Термоелектрани во однос на квалитетот на јаглен што треба да се обезбеди од Косово. Очекуваме во рок од три, најкасно четири месеци да склучиме договор за наредните пет години во делот на увоз на јаглен од Косово сѐ со цел да имаме стабилно производство на електрична енергија, рече Бектеши додавајќи дека со ова ќе се продлабочи соработката со Косово во делот на енергетиката.
Тврди дека Македонија бара три милиони тони јаглен во наредните пет години.
-Очекуваме одговор од косовската страна во наредните две недели за да ни кажат за колку количини да ископаат јаглен во нивните експлоатони полиња, рече Бектеши, додавајќи дека сѐ уште во детали не разговара цената на јагленот.
Уверува дека таа ќе биде помала од тоа што во моментот се набавува од економските оператори коишто го снабдуваат ТЕЦ Осломеј. Вели дека овие количини најверојатно ќе ги задоволат и потребите на домаќинствата и потребите на компаниите.