Американски сенатори бараат од Трамп да ја повлече поканата до Путин за учество на самитот на Г20


Група од 14 американски сенатори од Републиканската и Демократската партија побараа од претседателот на САД, Доналд Трамп, да ја повлече поканата до рускиот претседател Владимир Путин за учество на самитот на Групата 20 што ќе се одржи во Мајами во декември.

„Претседателот (на Русија Владимир) Путин сноси единствена одговорност за започнувањето на војната против Украина“, велат сенаторите во писмото, пишува „Вашингтон пост“.

Сенаторите проценија дека учеството на Путин на самитот на Г20 во САД би предизвикало сериозна загриженост поради, како што наведоа, давањето легитимитет и нормализирањето на односите со владата, која, според нив, продолжува секојдневно да напаѓа украински цивилни цели.

Back to top button
Close