Стотици илјади верници се очекуваат на мисата на папата во Париз


Папата Лав XIV ја продолжува својата посета на Франција денескасо голема миса во Париз, каде што се очекуваат неколку стотици илјади верници. Според Католичката црква, околу 600.000 луѓе се пријавиле за учество на мисата на Плоштадот Конкорд.

Попладнето, поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот ќе отпатува во Лурд, на југозападот од земјата. Според традицијата, Пресвета Богородица се појавила таму во 1858 година на младата Бернадет Субирус.

На почетокот на неговата четиридневна посета на Франција, папата вчера беше примен од претседателот Емануел Макрон. За време на средбата, Папата ја призна Франција како земја на човекови права, но во исто време го критикуваше новиот закон што дозволува еутаназија, како и правото на абортус, кое е загарантирано со францускиот устав.

Тоа е прва посета на тој папа на Франција. Последната станица од неговото патување в понеделник ќе биде градот Мец, недалеку од француско-германската граница, каде што има намера да одржи говор за Европа.

Во Франција, со исклучок на неколку региони на истокот од земјата, строгата поделба на црквата и државата е на сила повеќе од еден век. Нема веронаука во државните училишта, а Макрон не планира да присуствува на ниту една од мисите на папата.

Back to top button
Close