„Режим“ од кој „диктаторот“ сам си даде оставка – многу јако!
Озборувањата се голем дел таа пропагандна активност. И најфантастичните конструкции наоѓаат пат до медиумите, а ако не таму, тогаш до социјалните мрежи кои се „дар од Бога“ за да се заврши пропагандистичката „дејност“, најчесто со цела армија фејсбук и други ботови чија работа е да оцрнуваат, да плукаат, да создаваат атмосфера на општествена катастрофа или атмосфера на национален препород, во зависност од тоа дали се борат да дојдат или да се одржат на власт.
Работата на новинарите и медиумските уредници е да имаат увид во ваквата партиска пропаганда, да седат на состаноци со пропагандистите, да примаат пораки во сите формати и по секакви комуникациски канали… Тоа кај новинарите се нарекува „одржување на изворите на информации“ (“working the sources”), за да дознаат информации „пред другите“, да разберат нијанси или да откријат податоци што ги нема „конкуренцијата“, а се од интерес на јавноста. Во спротивно, за да се информира јавноста би останале само прес-конференциите што се достапни за сите; или копи-пејст на објави во други медиуми на кои само насловот им се менува и редоследот на речениците и пасусите. Двегодишната пандемија суштински ја отежна работата на новинарите и можноста физички да се сретнат со своите извори, да поразговараат „во живо“ со нив, да постават и логични, а непосакувани прашања.
Целата колумна на Сашо Ордановски на Цивил Медиа