„А зошто БЕСА ја исклучувате?“ – Мицкоски со одговор на тоа дали би коалицирал со ДУИ или со коалицијата Алијанса-Алтернатива

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 Степени“ рече дека нема да биде тешко ВМРО-ДПМНЕ да формира влада со албанска партија како коалициски партнер.

На прашањето за тоа што би преферирало ВМРО-ДПМНЕ, дали да прави влада со ДУИ или со коалицијата Алијанса-Алтернатива, Мицкоски возврати со контра-прашање.

„А зошто БЕСА ја исклучувате?“

„Бидејќи е со СДСМ“

„Добро, оти јас не би исклучил ниту една од партиите на Албанците, затоа што можеби БЕСА е сега во коалиција со СДСМ, доколку утре обезбедиме заедничка согласност, доколку тие ја поддржат програмата на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, таа опција исто не треба да се исклучи“, вели Мицкоски.

Во однос на изјавите на Касами за потреба од реформа на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека Касами претходно имал ставови и за Заев, а сега се заедно.

Back to top button
Close