Поранешна полициска службеничка пронајдена мртва во стан во Охрид

Според неофицијални информации станува збор за поранешна полициска службеничка на која пред четири години и бил прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини на социјалните мрежи

Жена со иницијали М.М. синоќа е пронајдена мртва во стан на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, а според неофицијални информации станува збор за поранешна припадничка на полициската служба, на која пред четири години и бил прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи.

Причините за смртта ќе ги покаже истрагата врз основа на увидот на лице место спроведен во текот на вчерашниот ден.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

Back to top button
Close