Ковачевски: Скопјани да бидат сигурни, парно ќе имаат во текот на цела грејна сезона
-Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно – напиша на фејсбук претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски.






