Почетокот на второто полугодие е одложен Учениците на училиште се враќаат на 1-ви февруари

Кризниот штаб препорача, а Владата вечерва на седница донесе одлука со која се продолжува зимскиот распуст на учениците поради пикот на коронавирусот, дознава 4NEWS.mk

Претходно, заседаваше кризниот штаб, а на истата присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.

Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Back to top button
Close