Пронајден пиштол, приведено лице од Визбегово
Полицијата денеска го приведе М.Р. (38) од Визбегово. При извршен преглед кај него е пронајден пиштол со две рамки со вкупно 34 куршуми калибар 9 милиметри.
Како што соопшти МВР, по документирање на случајот, против М.Р. ќе биде поднесена кривична пријава поради сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.