Мехмедовиќ: Нема да има укинување на сертификатите, поради нискиот степен на вакцинација
Доктор Мехмедовиќ по состанокот на комисијата рече дека укинување на вакциналните сертификати не доаѓа предвид особено не во зимскиот период.

-Популацијата која нема создадено имунитет најдобро ќе се заштити со вакцинација. Нема да има радикален чекор на укинување на сертификатите зашто со тоа и низок степен на вакцинација, ќе се оптовари здравствениот систем и таа мерка е контрапродуктивна и нема да се разгледува, дециден е доктор Мехмедовиќ.
Претседателот на Комисијата и директор на Институтот за имунологија доктор Александар Петличковски вели дека цел на Комисијата за заразни болести која функционира во проширен состав е да се применуваат научни податоци од странство во македонски услови, но не буквално и по секоја цена, туку адаптирано и сензибилизирано за македонски услови.
-Ќе поставам бариера, не значи дека ако во Англија ги фрлиле маските и ние ќе го направиме истото. Во Македонија се поспецифични условите и не може така да прифаќаме се од надвор. Во основа ќе следиме научни сознанија и ќе ги направиме прифатливи за наши околности, рече доктор Петличковски.





