Финскиот модел како можно решение за Украина?

Финска со децении опстојуваше како независна и неокупирана демократија во сенката на поранешниот Советски Сојуз, предавајќи огромно влијание на политиките на Кремљ и придржувајќи се до деликатната неутралност за време на Студената војна. Тој модел – познат во дипломатските кругови како „финландизација“ – сега се смета за можно решение за кризата во Украина.

Финска/ Фото EPA/MAURITZ ANTIN

На тоа се гледа како на идеја која ефективно би го неутрализирала нејзиниот суверенитет и на крајот ќе и овозможи на Русија нова сфера на влијание во новата ера. Но, за Финците, но пред се и за Украинците, ова не е идеја што треба толку лесно да се стави на преговарачка маса. Тие го гледаат тоа како еден вид империјална политика на Стариот свет, кој некогаш помалите нации на континентот ги сведе на пиони во игра над која немаа контрола, пишува Њујорк Тајмс.

„За Финците, терминот има негативна конотација“, која потсеќа на многу тежок период во финската историја, велат светските аналитичарти

Можеби оваа политика ѝ помогна на финската нација да ја избегне судбината на земјите од Централна и Источна Европа, кои беа окупирани како дел од советскиот блок, но независноста оваа држава на рабт на Арктикот ја доби по цена да мора проголта голема доза на само- цензура.

Финска / фото: Zackabier/Јутјуб

Тоа значително се промени по завршувањето на Студената војна пред повеќе од 30 години, со што „финиизацијата “ стана застарен термин кој повеќе не важи за земјата по која овој термин го доби името.

Денешна Финска е членка на Европската унија која го користи еврото и работи со САД и Европа по свои услови. Таа беше пофалена за недостатокот на корупција и и се смета за дарежливата социјална држава, која важи за силен партнер на светската сцена . Но ,Финска сепак не е членка на НАТО.

Ако ништо друго, руската закана за Украина само ги охрабри Финците да разговараат поотворено од претходно  за своите амбиции да влезат во  НАТО .

Финците исто така стануваат свесни дека имаат деликатни односи со Русија и внимаваат непотребно да не го провоцираат претседателот Владимир Путин. Сепак, тоа е далеку од отстапките што и беа наметнати за време на Студената војна.

Емануел Макрон EPA-EFE/KREMLIN POOL / SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Овој можеби малку заборавен модел повторно се појави во јавноста , кога францускиот претседател Емануел Макрон беше прашан од новинар за време на неговата шатл-дипломатија во Москва дали е можна „финизација“ за Украина. Тој одговори дека тоа е една од опциите на маса. Францускиот претседател подоцна се обиде да отстапи од оваа забелешка, но „финизацијата“ веќе беше пуштена во светската јавност и започна да биде шпекулација за една од опциите за иднината на Уркаина

Емануел Макрон EPA-EFE/KREMLIN POOL / SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Терминот „финизација“ првично беше измислен од Германците во 1960-тите. Последен пат се појави во 2014 година, за време на руската инвазија на Крим, кога беше предложено како можно решение. Сепак, Финците велат дека моделот ги наградувал политичарите кои ги исполнувале руските наредби, ги прогонувал оние кои се противеле на руското влијание и ги вовел советските тајни оперативци во земјата кои тесно соработувале со финската елита.


Многумина експерти кои се занимаваат со надворешната политика сметаат дека „финизацијата“ не добра за Украина, како што не била добра ниту за Финска. Самите „Финци пак сметаат дека она што се случува во Украина не останува само во Украина“, додаде тој.

Финците истакнуваат дека нивната независност произлегува од почитувањето на Путин кон нивната традиција на воено херојство и подготвеност да се фатат за оружје. Малите фински сили се спротивставуваа на Црвената армија со месеци.Во 1939 година Сталин на крајот победи во таканаречената Зимска војна и окупираше 11 отсто од финската територија, но Советите никогаш целосно не ја окупираа земјата и Финска ја задржа својата независност.

За разлика од Шведска, која се разоружа, Финска се уште е добро вооружена и неодамна нарача 64 борбени авиони Ф-35 од САД. Финската армија бори 180.000 луѓе и спроведува силна национална одбрамбена стратегија

Ф-35 / фото: EPA/Valda Kalnina

Актуелната состојба околу Украина ги врати размислувањата на одредени фински политичари да размислуваат за членство на земајата во НАТО.

Сепак , барем засега, за дополнително да не се иритира и онака нервозната Москва, мала е веројатноста дека Хелсинки ќе поднесе такво барање

Од друга страна предлогот на „финизација“ останува табу тема . Можеби многумина ваквото решение го ставаат како опција за решавање на иднината на Украина , но самите Финци дефинитвно сметаат дека овој модел е лошо решение

Back to top button
Close