Related Articles

Левица: Мицкоски му налага на членството да гласа за Касами чии соништа се Македонија да биде втора Албанска држава
18.09.2025 14:09
Можеби ќе ве интересира
Close
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски днеска ја прими амбасадорката на Република Украина Наталија Задорожњук.
Амабасадорката Задорожњук на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Северна Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оцени приклучувањето на Северна Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакна дека Република Северна Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласи дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.