РСС распиша конкурс со награди за иновации од 30 илјади евра

Советот за регионална соработка (РСС) распиша денеска конкурс за награди за иновации наречена „Иновација Пеперутка“ за учесниците од Западен Балкан во висина од 30.000 евра.

Учесниците може да пријавата иновации во 6 категории, а победниците од секоја категорија ќе добијат награда од по 5.000 евра.

Учесниците може да пријавата максимум по две иновации во една од следните категории: Индустриски иновации, Зелени иновации, Иновации во науката, технологијата, инженерството и математиката, Иновации на млади, Универзитетски иновации или Иновации од жени.

Пријавите може да ги испратат граѓани со постојан престој на Западен Балкан, т.е. од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, а конкурсот трае од 1-ви април до 13-ти мај. Пријавите се испраќаат електронски преку апликациска форма за „Регионална награда Иновација Пеперутка“ (Regional Butterfly Innovation Award 2022) објавена на веб страната на РСС.

Back to top button
Close