Бајден: Тоа што се случи во Буча е ужасно, Путин треба да одговара за воено злосторство

 

 Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека „тоа што се случи во Буча е ужасно и рускиот претседател Владимир Путин треба да одговара за воено злосторство“.

„Ќе се сетите дека бев критикуван кога го нареков Путин воен злосторник. Видовме што се случи во Буча… тој е воен злосторник“, рече Бајден.

Тој додаде дека мора да продолжи да се испраќа оружје во Украина, но и да се соберат сите информации и детали за да може да се одржи судење за воени злосторства.

„Путин е брутален. Тоа што се случи во Буча е ужасно, сите го видоа. Мислам дека тоа е воено злосторство и Путин мора да одговара“, рече Бајден.

На прашањето како Америка ќе одговори, Бајден рече дека ќе бара повеќе санкции за Русија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close