Гари Каспаров: И патријархот Кирил е воен злосторник

13-тиот светски шампион во шах и руски опозициски политичар Гари Каспаров изрази уверување дека поглаварот на Руската православна црква патријархот Кирил (Гундијаев) треба да сноси иста одговорност како и руските војници кои вршат крвави злосторства во Украина.

 

Тој ова го изјави во етерот на ТВ каналот Украина 24, а информацијата ја пренесе www.doxologiainfonews.com.

-Во вестите прочитав: „Патријархот Кирил се моли за храбрата руска војска“. Зошто патријархот Кирил со целиот врв на РПЦ се уште не е на списокот за санкции? Тој е и воен злосторник и ниту еден црковен обред не го ослободува од одговорноста, бидејќи тој е дел од машината (режимот на Путин), рече велемајсторот.

Во исто време, Гери Каспаров потсети каква „специфична“ улога играла таканаречената Руска црква долго време.

-Едноставно, уште од времето на Сталин, РПЦ е дел од КГБ. Директна одговорност мора да сноси и Кирил Гундјаев, како и воените лидери и пропагандистите, нагласи Каспаров.

Back to top button
Close