Фокус: Ракометарот Тот сепак бил претепан, приведени две лица  

Ракометарот на Бутел Скопје, Денис Тот сепак бил претепан во еден ноќен клуб во Скопје. Иако по извештајот на лекарите МВР соопшти дека на неговото тело немало траги на насилство и 27-годишниот Тот и дека починал како последица на срцев удар, сепак обдукцијата покажала повреди на главата.

Според последните информации  обдукцијата покажала дека удар во главата, односно повреда на мозокот е причина за смртта Тот.

„Фокус“ доби потврда за ова  од Скопското обвинителство, кои е подготвено да отвори истрага. Засега инволвирани се три лица, од кои две се веќе приведени (машко и женско), а третиот е во бегство. За случајот се обезбедени и видео снимки, од кои се гледа дека, сега починатиот и останатите учесници во тепачката биле во исто друштво во ноќен клуб

 

 

Back to top button
Close