Прва реакција на Русија откако Србија поддржа исклучување од Советот за човекови права
Поддршката на Унгарија и Србија да ја исклучат Русија од Советот за човекови права на ОН е пример за принуда на русофобија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесува српската новинска агенција „Танјуг“.

Тој додаде дека тука не се работи за разбирање и простување на ваквата постапка, туку дека мора да се разбере оваа, како што наведе, тешка ситуација, односно, невидениот притисок и принуда на русофобијата.
„Сето ова го доживуваат земјите кои се обидуваат да заземат балансирана позиција. Ние го разбираме тоа“, изјави Песков за новинарите.






